ист (прид.) - случка (имн.)

Токму затоа што се работеше за исти случки и исти јунаци, секој имаше своја приказна, секој држеше до вистината на својата приказна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се прераскажуваа по не знам којпат истите случки и настани.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа вечер во Стара чаршија, кај Шадраванот, под плачливата врба, јадевме кебапчиња и пиевме пиво.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реков: - Не е страшно на една иста случка да се погледне од две различни страни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
" Тој еднаш, при едно вакво раскажување на таа иста случка, не се воздржа и рече: "Тоа мора да ти е некаков знак", рече, уфрлувајќи се во нејзиниот разговор со пријателката со којашто таа последно време многу се дружеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)