ист (прид.) - сказна (имн.)

Во тоа се уверив откако слушнав две исти сказни кажани од две различни усти, чуени од трето уво, запишани од прва рака, во три различни времиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)