ист (прид.) - реченица (имн.)

- Јас се плашам од крв - велам и се сеќавам дека истата реченица ја изреков пред неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наслушнувам „смрт“ и „семе“ во иста реченица, два збора чија близина вознемирува, а што сега го гребат грлото на човекот што ме создаде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вистина, таа кратко замолча и ги продолжи истите реченици, кои постмодерно се кршеа и составуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како месечината што се лизга, поминува покрај мене уморена од повторување на истата реченица: „Е па, мамо, ти кажав веќе стопати... ќе биде кога ќе биде... И ти прва ќе дознаеш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па само сакав да кажам дека некој е контрадикторен ако каже нешто па потоа, во истата реченица, го негира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Баба ми потоа ќе завршеше секогаш со истата реченица: Деца, жената на мажот треба да му биде најголемиот пријател.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За време на една седница на тој собир, тој се појави, енергичен и речит, полн со снага и неуморен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Последен пат го видов Борхес во Дикинсон колеџот во април 1983-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште повеќе вознемируваше обликот на неговата глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повремено мораше да повторува иста реченица неколку пати пред да успеам да ја разберам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)