ист (прид.) - реалност (имн.)

Значењето е двосмислено, и многу луѓе ме прашаа дали сакам режимот да се врати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дека има слики што се наши и оние што им припаѓаат на другите учесници во истата реалност. Слики кои се наши и на другите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иследникот сугерира дека кралот, премиерот и него, солунскиот главен рабин, ги врзува една единствена јудео-масонска идеологија и тој така ја реди сложувалката од животот на архирабинот Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И. К.: Кога еден свет исчезнува и станува дел од минатото, дури и потсвесно сфаќате дека сте ја делеле истата реалност со тие луѓе кои ви предизвикале страдање или кои страдале поради вас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На оној друг брег секое човечко суштество живее во свој сопствен свет, затоа што лудилото настапува кога Јас се откинува од реалноста, раскинувајќи се во себе, и создава своја сопствена не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето кои стојат на брегот на нормалноста честопати се чувствуваат туѓи едни со други, но знаат дека делат еден ист брег и една иста реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)