ист (прид.) - распоред (имн.)

Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од сѐ што беше останало со години негибнато во Татковата библиотека, големата работна маса, несразмерна со големината на со­бата, и другиот мебел, рафтовите со Татковите книги, со истиот распоред од денот на неговото заминување, жол­тата ламба, неколкуте речници на работната маса, лупите, старата машина, речиси со потиснати букви поради дол­гата употреба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)