ист (прид.) - разговор (имн.)

Се повтори оној ист разговор што го водеше Толе со дедот Волчета Мијов над Орле, со еден исклучок што не му кажа веднаш кој е, ами го матна со друго име и оди да бара некое добитче да купи по овие села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исти луѓе, исти разговори, дури и исти пијалаци. А тебе? - И мене.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наеднаш му се стори дека од збор до збор го водел тој ист разговор, на истото место.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седевме уште долго. Тоа, пак тоа. Истите разговори- истите одговори. Излез не гледавме никаде. Целата вечер беше загубена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подоцна, во тој ист разговор, ја беше спомнал и мајка си.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дедо ми и тате секоја вечер го водеа истиот разговор а баба ми повторуваше: - Вам да не ви го зел Господ умот!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ништо од огледот за Калвино: по цел ден посети, сркање, кафиња, преџвакување исти разговори, зјапање во ТВ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)