ист (прид.) - простор (имн.)

Тоа е всушност интерен информациски подсвет, кадешто сите учесници гледаат и се движат по истиот простор што е и неговата единствена сличност со виртуалната стварност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе сакате да го слушате Руфус Венрајт или да ја слушате Џуди Гарланд?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ТОНИ го решава проблемов така што на првото место од својот список на „Десетте најдобри моменти во геј-културата на Њујор Сити“ не ги става стоунволските безредија – тие се на второ место – туку на „Руфус ја пее Џуди“, настапот од 2006 г. во Карнеги хол во кој Руфус го преизведе легендарниот концерт на Џуди Гарланд од 1961 г. и ги отпеа сите песни по истиот редослед и во истиот простор.434 Сепак, ТОНИ на читателите им го дава изборот мошне остро.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Труман Капоти или Херман Мелвил?433 Со други зборови, дали ви е подраг оној вид култура што е вкоренет во геј-идентитетот или оној што е вкоренет во геј-идентификацијата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Која блеска најсилно во сеќавањето?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На овие мисли ме поттикнаа вашите писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А ироничната насмевка на Анастасија сигурно се однесувала (ако била навистина иронична) на некого од минатото, некоја личност а можеби беше во прашање и некоја од некогашните пијанки и веселби во овој ист простор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се сети на младоста, кога со нас, децата, на раце и околу себе, нѐ спасуваше од италијанските, од грчките, од германските и од кои не други војски, на истиот простор на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Старата Таткова ламба, донесена од Цариград, светеше на ист начин, го осветлуваше истиот простор на некогашната Таткова среќа, на откриваната радост низ читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)