ист (прид.) - постапка (имн.)

На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бидејќи јас, во договор со адвокатот, бев решен да не скријам ништо од тоа, немав намера да ја осудувам за истата постапка Ема, доколку таа решила да го прави тоа, но сепак, попусто обидувајќи се, без јасно сознание зошто тогаш имав потреба да ја следам бледата неонска светлина што се шеташе по масата и по папката со материјали од досието “НиЕ”, се прашував: од каде таа решеност двајцата да бидеме докрај отворени, која е целта на таа наша согласност, ако е точна мојата претпоставка за таквата согласност, и: во чиј интерес е сето тоа?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)