ист (прид.) - пејзаж (имн.)

Во неколку мигови, наместо насмеаното лице на Кристина, си ги замислував цревата како се измачуваат во кафеавоцрната темнина на мојот стомак, пред очи гледајќи ги сите суви изџвакани меса како тегобно се препелкаат низ мојот желудник, потоа немајќи место да се симнат надолу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Десетици и десетици милји на исти пејзажи што циклично се повторуваат како здодевна позадина на нискобуџетни цртани филмови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Одеднаш видикот ми го разубави една тешка бела мачка, ишарана со жолтопортокалови дамки, која лежерно се прошета по верандата и седна на скалите, вртејќи ми грб и гледајќи го истиот пејзаж како и јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)