ист (прид.) - песна (имн.)

Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со исти песни ги оставаме љубовите во сегашноста на минатото Ако застанеме на ветрот ќе го измие делот од нас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Лист по лист и на секој лист како да е издраскана иста песна испеана од популарен пејач: Веселба се шири на сите страни, Сега по земјата слободно одиме И големите денови ќе ги помниме!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И секогаш ја почнуваше истата песна, единствена што ја знаеше: „Мори, пијан идам од града, Велико мори, Сретнав моме в ливада Сен ѓузел, Вецо, на коњ трева береше...“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ништо повеќе не се истава од патот на Песната, бидејќи таа, подготвувајќи се самата себеси за молк, не може никого да повреди повеќе отколку што се повредува себеси, ништејќи се и множејќи се со целосна свесност. (“Зошто да страхувам, / од што да се плашам // И оние кои веќе ги нема / некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, / и исти молитви глаголеа, / и исти песни пееја, / и овој ист наш јазик го говореа / и иста мисла како мојава / ги опседнуваше: // Зошто да страхувам, / од што да се плашам?“)
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зошто да страхувам На Соња Зошто да страхувам, од што да се плашам И оние кои веќе ги нема некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, и исти молитви глаголеа, и исти песни пееја, и овој ист наш јазик го говореа и иста мисла како мојава ги опседнуваше: Зошто да страхувам, од што да се плашам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И повторно на патот истата песна: - Ги читавме вашите книги? - Што сте читале? Нема одговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги истегавме нозете на оградата и слушавме една иста песна по стоти пат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Таа куќа, неговиот прв дом, секогаш звучеше исто, а сепак различно, како добар џезер кој по илјадити пат ја свири истата песна, а секогаш одново и поинаку импровизира на познатите ноти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали се тоа истите песни што ги слушав од нејзината уста?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Надвор, без чувство и тегоби од омарнината што и без грмотевици ветуваше дожд, денес или утре, за да престанат колку толку караниците околу владите, децата повеќе од половина година пееја сѐ една иста песна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постојано пее прашалнички и молбено, тивко и меко, набожно и жалосно, тревожно и трогателно, осаменичко и жаловито, плачевно и тажовито една иста песна: Зошто се црни планините и расплакани си стојат?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ни се чини дека влеговме во битолската кафеана во која вчера ја слушавме истата песна што погромко ечеше од звучниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе одат на гроб, гледаат - виното испиено, мисирката изедена, а вечерта иста песна...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А таму - пак истата песна, но сега пописклива и построга одошто порано.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„И јас ја пеев истата песна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но кога на еден човек му е дозволено и љубовта да си ја смени зошто да не може во една иста песна да се смести и друго презиме?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)