ист (прид.) - око (имн.)

Се обиде да се поткрене од постелата но - се откажа. This is where all the stars bow down Еве, со истата душа со кој а цел живот копнеам по Тебе и со истите очи кои го паметат најскриеното во твојот поглед јас чекам и ќе чекам зашто веќе влегов во безизлез во кој треба само да се чека.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Она што несомнено и непобитно е, е дека „Две тишини“ е исклучителна песна која на времињата, на просторите, на чувствата и на кобата на судбината гледа со исти очи, со очите во кои засекогаш е втиснат стихот како глетка, но и како порака и писмо до вечноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но очите тоа се тие исти очи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Отсекогаш мислев дека многу спор филм би бил интересен колку и гледањето низ прозор, секако, ако тоа го гледаш со исти очи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што реков, тоа отсекогаш ме воодушевуваше - начинот на кој луѓето можеа да седат покрај прозорот цел ден воопшто да не им биде досадно, а после тоа да одат во кино или во театар и да умрат од досада.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со исти очи го замислуваше и својот љубен во морнарска униформа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Забележа: тој што никна од стеблата и самиот прав и необичен како стебло, гледаше во се со исти очи - и во кепеците и во нејзината осина половина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој смолар имаше густа коса со голо теме како некој да му наместил на глава потемнета петодинарка; го гледаше со исти очи како и браќата што го гледаа сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама, не е баш така. Кога ќе се сретнеш после некое време, не ги гледаш веќе со исти очи.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Обете од едно исто око.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали твојата болка можеш да ја распознаеш со исти очи како што ја распознаваш радоста, притоа разликувајќи ги нивните вистински причинители?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)