ист (прид.) - одаја (имн.)

На Пелагија ѝ се чинеше дека е рано да ја дели од себе, ама оти во иста одаја, се согласи заедно со мајка Перса да ја облечат во пиџамките, да ја целуват во зацрвенетите обравчиња и да ѝ пожелат лесен сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По неколку години од овој трагичен настан и самиот Фазли паша ја доживеал истата судбина (задавен со свилен гајтан) во истите одаи на својот Сарај.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во истата одаја во господарската зграда во којашто ги учеше Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)