ист (прид.) - наслов (имн.)

Признавајќи ја љубовта на стрејт-хипстерите кон таквите чудни културни облици и практики, а истовремено одбивајќи да ја изрази таа љубов, освен на гротескен и преувеличен начин, да не би случајно некому му паднало на ум нешто погрешно, стрејтерската хипстерска иронија им одржува и зацврстува (иако од преголемо фраерство не се расфрла со неа) дистанцирана и незасегната положба на хипстерите – односно положба на релативна општествена повластеност.418 Поентава делотворно и нагледно се нагласува во еден ред од еден ироничен напис за иронијата, со датум од 3 февруари, 2008 година, објавен на страницата на интернет наречена Работи што ги сакаат белците (Stuff White People Like), а сега објавен во една многу продавана книга со истиот наслов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од кампот, кој не остава можност за дистанција и за деидентификација, стрејтерската хипстерска иронија е истовремено и сатирична и апатична; таа сигнализира и отсеченост од „автентичните“ културни облици и естетски практики што хипстерството ги фетишизира и извесно чувство на супериорност над нив – иако му се, на некој негов начин, мошне драги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом ќе се послужите со Ritorna vincitor! за да си го испратите месниот одбојкарски тим, ви нема веќе криење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)