ист (прид.) - народ (имн.)

Ако се прифати на вид оти таа заедничка историска судбина, тие заеднички политички борби и самостојниот политички живот е судбина на едно исто словенско население и на еден и исти народ, тогаш ќе биде јасно оти тврдењето дека Македонија не составувала географска, етнографска и историска целина е засновано не врз реалноста туку на српските сметки за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Луѓето со срцето чувствуваат дека се ист народ тогаш кога имаат заеднички идеи, интереси, наклонетости, спомени и надежи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Никој никому со присила не му ги менува идеите, без оглед на тоа дали сме од ист народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никогаш „победницит“ во поновата, но и во постарата историја на Балканот, не биле понемило­срдни кон „победенит“ од истиот народ, а и од различна вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На светиот чин од сите страни на земјата, дотрча младо и старо, католици, православни и муслимани, припадници од истиот народ, а имаше и евреи, спасени од албанското население за време на Втората светска војна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но кој беше сега Хабиб Бургиба, таткото на нацијата, кој потенцијално истиот народ кој го возвиши, го спасуваше од глад, но за кого во крајна линија сметаше дека е како прашина, по кого можеше да дувне и да му го смени патот, требаше да го стави на столбот на срамот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А чија е заслугата што тој ист народ остана ограбен, иселен и растурен по светот?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во миговите кога ја минував линијата на границата, меѓу двете држави, но кои делеа и ист народ, имав чувство дека, дефинитивно, останувам посиромашен за најголемата илузија со која Татко а, подоцна, и Мајка, живееја до нивното заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето си ги вадат очи­те едни на други, а од ист народ и од иста вера се.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)