ист (прид.) - мол (имн.)

Со своето времено присуство, тие ја менуваа и иконографијата, и духот, па и говорот на островот, надополнувајќи го со нови јазици од онаа поморска вавилонијада на говори со коишто, впрочем, гргори и зоврива секое медитеранско пристаниште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помисли како овие бочи паметеа други времиња, поживи, посреќни и поразгргорени од овие денешни, дека паметеа топли лета и сончевини, радосни кричења на галебите и илјадници бродови што под различни знамиња со децении и векови пристануваа или на овој ист мол од јонскиот остров, или спуштаа сидро нешто подалеку од бреговите на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)