ист (прид.) - мисла (имн.)

Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
1.1 Ми ставија круна од камен Со девет камени приказни Што ми тежат девет дни и девет ноќи, А јас сум деветвековен Со иста крв и со иста мисла, Со исто месо од камен Што паѓа кон височините На ова самување, На ова патување до себеси, Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја гледаме јаболкницата погледи ни мами, иста мисла не мачи, Но, кој да собере храброст да се качи?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Вкрстени како два меча, прираснати за небеско камење, пред тоа - за иста мисла.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зошто да страхувам На Соња Зошто да страхувам, од што да се плашам И оние кои веќе ги нема некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, и исти молитви глаголеа, и исти песни пееја, и овој ист наш јазик го говореа и иста мисла како мојава ги опседнуваше: Зошто да страхувам, од што да се плашам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ништо повеќе не се истава од патот на Песната, бидејќи таа, подготвувајќи се самата себеси за молк, не може никого да повреди повеќе отколку што се повредува себеси, ништејќи се и множејќи се со целосна свесност. (“Зошто да страхувам, / од што да се плашам // И оние кои веќе ги нема / некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, / и исти молитви глаголеа, / и исти песни пееја, / и овој ист наш јазик го говореа / и иста мисла како мојава / ги опседнуваше: // Зошто да страхувам, / од што да се плашам?“)
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истата мисла, по сѐ изгледа, им дојде на ум на сите во ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан гледаше одозгора во него, со израз на лицето кој навестуваше дека истите мисли и нему му минуваат низ умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барем да ме оставеше со дете на раце, полесно ке ми беше. –секој ден истата мисла се вртеше во умот на Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Траеше долго се додека не стигнаа на седмото небо. И двајцата делеа иста мисла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Насекаде ме пленеше истото чувство, ме обземаше истата мисла: не постои замена за животот, не може да постои посилна и посакана татковина од самиот живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде тој си се поднасмевна себеси кога помисли дека некогаш можеше да издржи повеќе, а некогаш помалку, но секогаш од тој бран што од слабините ќе го удреше право во челото испливуваше со истата мисла – дека целосно, неповторливо и очајно ја љуби жената што во него ја откри таа жед по нејзината љубов...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Постојано во главата ми се вртеше истата мисла: „Влегуваат на наша територија“, и заради тоа сѐ повеќе посакував да добијам пари од Холивуд и да направам еден филм кој “добро” изгледа, но ги носи нашите ставови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затворот не е термос, во кој можеш да држиш една иста мисла бескрајно долго, а да остане жешка како на почетокот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И во тие времиња Змејко многу често помислуваше дека не е никаков привид она приближување на судбините со оној човек, со кого често изнаоѓаше дека има иста мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сирмината мисла се пренесе и на Анѓа, та без да си проговорат се разбраа дека на истата мисла се и двете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Иста мисла над пладне се разли, како таа земја црна, заборав што носи, тежина и молк сите неж покри, на едно место сите. Заедно. Крвна врска силна.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Како можев и јас на тие години да ја имам истата мисла за самоубиство, само затоа што ти ужасно ме плашеше со твоите приказни за мажите, дека биле кучиња и ако згрешам, дома да не се враќам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)