ист (прид.) - мирис (имн.)

Ова беше сосем истиот мирис што го употребуваше и таа; но во тој момент не му беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А потоа, кога случајно повторно го приближив крпчето до носот, го сетив истиот мирис што доаѓаше откај полето секоја вечер додека се криев во плевната на Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И истиот мирис, како некогаш...продолжува да шепоти гласот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И еден ист мирис како кај првата Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствувајќи го мирисот на исконот, оној ист мирис на малото човече на своите гради, ја почувствува истата онаа топлина кога "лотосот" лакомо ја голташе течноста на животот од нејзините гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)