ист (прид.) - методологија (имн.)

На ист начин и по иста методологија. Само кафето е различно. Знаете, во зависност од спонзорот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)