ист (прид.) - материјал (имн.)

Сега беше облечена во фустан со боја на вино, со тесен колан од истиот материјал што ѝ ја стегаше танката половина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него цигара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лево некаде кон дното, на оградата врата од ист материјал, која води на улица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ништо невообичаено, ако тој паричник не беше направен од наполно ист материјал и дезен како мојата футрола!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)