ист (прид.) - логика (имн.)

Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Претпоставуваше дека истата логика на затворањето на патот на јагулите ќе доведе до затворање на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И преку границата важеше истата логика.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу време помина во разјаснувањето на поимот јаничар (кој етимолошки според турскиот збор значеше - нова војска), чија генеза на постоење под други имиња но со иста логика за употреба на војската (со кастриран идентитет) за да се овековечи владеењето на империјата, им беше позната уште на првите империи во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Добро, добро сте постапиле - упадна веднаш Донски - но сте заборавиле дека, по ги открил, ќе следи истата логика на поддржување и префорсирање на неговата улога.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)