ист (прид.) - крв (имн.)

Најодзади во таа слика го виде мешањето на иста крв во занесот на страста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Друм ми е перница, друм ми е постела. Ладно е, осеќаш ли? Иста крв сме. Талкачи.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Беше тоа блискост својствена само за некои во чии вени тече иста крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
1.1 Ми ставија круна од камен Со девет камени приказни Што ми тежат девет дни и девет ноќи, А јас сум деветвековен Со иста крв и со иста мисла, Со исто месо од камен Што паѓа кон височините На ова самување, На ова патување до себеси, Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Чудно е дека во мене има некаква љубов за иста крв, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По неколку дни ѝ замрел здивот, како и гласот, арно ама неподвижните гради не ѝ загубиле ништо од благото изворско изобилие, и заспаното дете во вдлабнатините на нејзините боски сè уште го слушало нејзиното срце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од топлите и набрекнати гради потекло млеко и, кога детето од иста крв и месо заспало на нејзините боски, таа запеала со глас што го придушувала само дебелината на камениот ѕид.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)