ист (прид.) - интензитет (имн.)

Продолжи со ист интензитет: „Знаеш, кога малку подобро ќе размислам, јас сум, всушност, потполно за хероин, бидејќи, ако си доволно внимателен, нема ни малку да ти штети, - извлече мандарина од џебот и почна да ја лупи пуштајќи ги отпадоците на подот, - ако земаш хероин, никогаш нема да се разболеш, тој, всушност, во Стејтс дојде како лек против настинка”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Грејем не рече ништо и Пол сфати дека го прободе во вистинската точка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Утврди дека и кај нив потресот е со ист интензитет, а не се оштетени.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги гледав низ прозорецот. Татјана се смееше. И се допадна таа глетка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога се омажи, нашата соба наеднаш стана многу пространа, а миризбата на липата што растеше до прозорецот на нашата соба не се чувствуваше со истиот интензитет дури и кога беше отворен.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Иако како точно и без размислувања го бев прифатил ова тврдење веднаш си го поставив и прашањето: Дали тогаш страдањата кај секого од нас се јавуваат со ист интензитет?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да, да, - ја прекинуваше мајка ми со ист интензитет на гласот, - многу е умен, и убав е да го видиш, висок, згоден, личи на нашиот сој!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Јас стигнав пред тебе! - шепкаше со ист интензитет Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стомакот навистина ме болеше и ме притискаше, па само го чепнав месото, но не го изедов цело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)