ист (прид.) - име (имн.)

Постојат озаконети одлагалишта, матични книги, текстови потпишани со исто име, одговорност, сопственост, осигурувања. Тоа мошне ме интересира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби ќе речете дека постои еден начин на неповрзување што си личи; некогаш тоа се нарекуваше „стил“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За време на Студената војна, голем број уметници емигрираа на Запад, и лажното уверување дека МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, без разлика дали доаѓа од Исток или од Запад, е толку универзална што може да биде класифицирана под исто име: тековен -ИЗАМ, стана општо прифатено.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
37. Инж. Христо Станишев е член на ВМОК во Софија, а по расцепот на “врховистите” (1902) стана претседател на Врховниот комитет што го поддржуваше ЦК на ТМОРО и издаваше и свој весник под истото име “Реформи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Насловот ги сугерира лудите дваесетти, Clara Bow, и.т.н На некој начин - всушност, Клара глумеше во филмот со истото име што беше снимен неколку години подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она што пред сè беше изненадувачко во тоа писмо беше фактот што испраќачот, Monty Cantsin, и мене самиот во писмото ме ословуваше со истото име.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури и наивниот Middletown (какви што со истото име ги има триесеттина во Америка) само ја зголеми тегобноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Совпаѓањето на самото презиме како презиме не би морало многу да значи, зашто постојат толку исти имиња и презимиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа што испадна дека едно успешно македонско списание за млади (сепак месечно, а не неделно како во мојот текст) го носи истото име, е уште еден случај кога се совпаѓаат непредвидливата реалност и предвидливата фантазија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во седумдесеттите, се чувствував како момчето од песната на Брн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Брат ми многу се занесува за него, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа, оти истото име го прочитав на еден плакат што е залепен над неговиот кревет, на кој пишува „Дрогата ги уби“ и под насловот има многу сликички на пејачи и актери што умреле од премногу земање дрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто име, но со друго презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онисифор Проказник не отстапил. Само малку ја поткренал циганската дурија од која не се одвоил ни преку ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Во една ваква дружина многу се двајца со исто име, Онисифоре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сигурно имате исти имиња со жената која ја барам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа има околу триесет и три години.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моите татковци од прастаро колено, така ме покрстија, и кога роденденски подарок ми носат, на тортата го ставаат истото име МАКЕДОНИЈА Не, јас не се прекрстувам...нека знаат тие што сакаат да го извалкаат нашето име.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Телевизорите се надвикуваат како соседи пушачи залактени на прозорците. (Автомобилите како да ми ги паркираат во спална.) Истите гласови, истите имиња вметнати меѓу две пцости.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)