ист (прид.) - измена (имн.)

Со истата измена, карикатурално беа намалени т.н. критериуми за репрезентативност – при што, на пример, кај синдикатите од 33% (1/3) се сведе на само 20% (1/5) и тоа само „од бројот на вработени кои плаќаат членарина“!?; а се воведоа и нови, таксативно наведени, законски услови за добивање на статусот репрезентативен синдикат за територијата на РМ, со што процентот опадна повеќе од тројно од првично пропишаниот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работодовачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за студентите во рудниците во рамки на образовната програма. (чл. 9 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Со истата измена е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не им овозможи на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во утврдување на недостатоците како и во подобрување на условите за работа, како и доколку не се консултира и соработува со вработените и погоренаведените претставници за опасностите и последиците кои произлегуваат од изборот на работата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)