ист (прид.) - звук (имн.)

Иако јачењето и длабоките воздишки на мајката го потсетуваа на истите звуци кои луѓето ги испуштаа на погребите, особено тогаш кога од раѓањето до смртта патот на погребаниот и не бил толку долг за во тоа да се пронајде барем минимална утеха. ’Го проживеал своето’, ќе речеа за некој старец.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Исто така и вокалите се многу вешто усогласени, така што првите две фрази се повторуваат (се римуваат), а во последната варира поредокот на исти звуци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вратата што останува отворена како Никомахова тајна и ера се отвора и затвора со ист звук и со исто резе.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И, додека шлапкав со нозете, повторно го чув истиот звук од пред малку, ама пак ништо не забележав, па си реков дека ми се присторило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)