ист (прид.) - збор (имн.)

Истите зборови на дедо ми. Се имав чуено многу пати, ама никогаш не се вознемирував заради тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најпосле, истиот збор му одговара и на оној трепет на душата кога се соочува со вистината на љубовта толку јасно изразена во германската изрека: „Liebe ist Heimweh“ (Љубовта е копнеж по родното место, носталгија).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој користеше цела палета на сочувани формални маниризми (диафора - комбинација на различни 24 Margina #22 [1995] | okno.mk значења во употребата на еден ист збор; амфиболија - двојна смисла; параномазија - спротивставени истозвучни или слични зборови), но измислуваше и некои сопствени "маниристички" постапки, со што, на крајот на својот живот, успеа да создаде сопствен уметнички јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Шо мислат, ѓавол да и знае шо мислат, ама арно сигурно не мислат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја свршил својата тешка работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да кажите каде сет, а за фаќање имат царот луѓе. Царска рака долга, ќе фатит батакчиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари — теслим.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И дури тие чекаа да се заврти Толе и да им даде знак за напад, овој ја симна пушката од десното рамо, се приближи и тој како Шаќир, но без да застане мирно, го поздрави Петрета со истите зборови: „Смрт или слобода".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Co два збора го побара и го најде Бахтијар — паша, истегнат под својот „сарај“ од платно, и му ги шепна истите зборови што и коџабашијата во Старавина на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се вадеше од памет за ништо, госпоѓа Мервин го смируваше со два збора, секогаш истите зборови: „No trouble! Jonkind! No trouble!...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повторно успокојувам. Двапати ги повторувам истите зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Исто така забележа дека пред да исчезнат, одат до шалтерот за билети, му кажуваат нешто на службеникот и добиваат билет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, во текот на своето патување по целата земја научи неколку зборови англиски.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа се приклучи во редот, внимателно сослуша што лицето пред неа му кажа на службеникот, ги повтори истите зборови и потоа патуваше било каде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со истите зборови би можел да се опише и „Книгите на Просперо“ (Prospero’s Books), неговата сопствена филмска адаптација на Шекспировата драма „Бура“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И О.О., како и сите други, ми се обрати со првите исти зборови: - Читавме ваши текстови!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога и други домаќини во текот на патувањето ми ги упатува истите зборови дека „ме читале”, без никаков одговор на моето прашање, беше јасна наметната провокативна алузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Што значи тоа? Истите зборови ги повторив внимателно делејќи ги на слогови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Еднаш ти зборував за сомнежот, не сакам да ги повторувам истите зборови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие исти зборови, на различни простори, ги повторуваат неброено многу луѓе низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една жена вика: „Мене ме нема! Мене ме нема! Мене ме нема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сестра ми се будеше секоја ноќ и секогаш со исти зборови ја започнуваше истата приказна: „Ова е крајот на Европа.“ „На Европа многупати ѝ доаѓал крајот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие исти зборови, на различни простори и во разни времиња ги повторуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ФЕЗЛИЕВ: Ти, чинам, си заборавил дека јас се наоѓав во претсобјето, кога ти со истиве зборови го испрати Кирил Ацев...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Прогресивните писатели го пишуваа истото, некој пат од збор до збор, дури со сите точки и запирки, но го имаа предвид сосема спротивното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И луѓето читајќи ги истите зборови се валкаа од смеа, а потоа го пренесуваа текстот од рака во рака, го препишуваа текстот и дури го учеа напамет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднакви, со спуштени раце и наведнати глави, биле повеќе зафатени со себеси отколку со она што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повторно, како и тогаш, ги изусти истите зборови: - Господе, ова место каде се спојуваат реките има нешто што судбински ме поврзува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Зошто, зошто, зошто? - се слушна ист збор од три усни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со полната чаша наздрави, со оние исти зборови со кои ја започна здравицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да сакаше набрзина да се потсети каде некогаш застанале со муабетите, па почна со истите зборови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Без неа веќе не може да живее.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оттогаш почнувам да одам на лизгање со Надењка секој ден и, спуштајќи се со санката надолу, јас секогаш полугласно ги изговарам истите зборови: – Ве љубам, Надја!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и ако употребуваат исти зборови, практичарот и пациентот, во овој контекст, веројатно не зборуваат на заеднички јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да замислиме, доколку воопшто е можно да се замисли таква наизглед бесмислица, дека зборот „јако“ во нашиот јазик значи и „јако“ и „слабо“ (dass das Wort “stark” in der deutschen Sprache sowohl “stark” als “schwach” bedeute); дека именката „светлост“ се користи за означување како на „светлост“ така и на „темнина“; дека некој пивото го нарекува “пиво”, додека некој друг го користи истиот збор кога зборува за вода; го замислиме ли тоа, сме ја доловиле необичната пракса со која старите Египјани обично се служеле во својот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И самиот јазик може да го одразува тој проблем: во старогрчкиот и во египетскиот ист збор се употребува и за „пишување” и за „цртање”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така, на пример, зборот авлија е дојден во турскиот од новогрчкиот авли (истиот збор како аула, од старогрчкиот е дојден во латинскиот).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш нивниот гласовен склоп го открива туѓото потекло, но тоа не влијае на граматичката посебност на балканскиот јазик, не пречи и кога постои во матичниот јазик ист збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На земјата постоел дотогаш само еден јазик и исти зборови, но гордоста на луѓето ќе ги води кон Небото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас тогаш ќе бидам бледа и студена, но ќе те почувствувам и ќе те разберам.) Ханка го заврши пишувањето на писмото со истите зборови како што го започна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Отиде неколку пати кај неа со сите оние бакшиши што и ги носеше Ајша, но Анѓа и нему му ги рече истите зборови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Исти пароли, исти зборови, многу зборови, кои умот го хранат со верба и со омраза; исто и се исто и така катаден за да се врежи длабоко во свеста и тоа така за да се избрише потсвеста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По потопот земјата барем ќе има еден јазик и исти зборови!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)