ист (прид.) - задача (имн.)

Ниротакис и Авни веќе две години беа заедно, на иста задача, иако двајцата се занимаваа со различни бизниси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гласникот во Средниот Век ги исполнува истите задачи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Па ние сме на ист терен и на иста задача!“ рече другиот работник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нешто му кажуваше дека Тилотсон сигурно работи на истата задача.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)