ист (прид.) - живот (имн.)

Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напротив. Мислам оти секогаш нему животот му се насмевнуваше, најштедро го послужуваше, па и тогаш кога тој ист живот ќе ги подготвеше сите околности за да го казни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во спротивно, овие две суштества би морале да имаат апсолутно идентични мисли, а за да тоа биде можно тие би морале да имаат совршено еднакв испомени што би се рекло би морале да имаат живеано ист живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Час веруваше дека животот е создаден само за тоа да нѐ тревожи, да ни ги брои грешните чекори, час ќе истрчаше пред тој ист живот како прле пред магаре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Интернатот и во гимназијата ми беше убаво и го живеев истиот живот како и унгарските девојчиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)