ист (прид.) - онаков (зам.)

Оваа песна беше полна со емоционална горчина, иста онаква каква што беше нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога го раскопале мравињакот, на неговото дно пронашле ист онаков гроб каков што бил и оној во кој Мијато Акиносуко во сонот ја погребал својата жена, царската ќерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
При претресувањето на куќата и на алиштата негови, во џебовите му најдоа неважечки, окупаторски пари - исти онакви какви што се појавија во црквата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слегоа од коњите беговите и забитот и еден ист онаков гаваз како оној пред петнаесет години што го пријави Суљо-ага, влезе кај стариот кадија и по истите прописи ги пријави дојдените. – Двајца и еден буљукбашија дојдоа сега и сакаат кај тебе, кади баба – смерно израпортира гавазот, правејќи темане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)