ист (прид.) - го (зам.)

Мајка ми, како обично, стана рано да ја суреди куќата, макар што истото го направи и пред легнување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како едно живо сушстество може да биде толку неразббрано и неразумно, си велам иако и таа истото го мисли за мене со некои свои причини што исто така ме нервираат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чичко ми Цане... Се запознавме во Мичурин кога ми ги менуваше пелените.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше како да го купил неколку дена пред да дојде, а всушност истото го носеше и на венчавката на брат му Трајко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во 306 односно во 305 г.пне. откако било обелоденето дека двјцата легални престолонаследници се убиени, Антигон и неговиот син Деметри се прогласиле за цареви, а истото го направиле и Птоломеј во Египет, Лисимах и Касандар во Тракија и Понт и Селевк во Вавилон.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По Аргира истото го потврдија Трајан мајсторот и влегоштанецот - така што сопственикот си отиде уверен дека мајсторите сè што работат, работат најдобро за него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Доколку би пристапиле кон некакво критичко преиспитување на овој закон и истиот го споредиме со стариот закон од 2006 година, би било мошне лесно да се заклучи дека стариот закон посветува повеќе внимание на охрабрувачките мерки како дел од посебните мерки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа го знае цело село, иако Крмакот истото го предлагаше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И Мунивер, дали за инает на Анастасија или наговорена од неа, истото го правеше, ме издемнуваше сам и ми се откриваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мара му го полни филџанот со ракија, и се крсти, а истото го прават и другите освен Пандета и децата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Оваа топка ја направија во фабриката од твојата чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Што рече пред тоа, Роско пак истото го рече, а мене ми беше тажно и нешто ми раснеше в грло.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се натажив при помислата дека тоа ни е последен ден и истото го здогледав и во неговите очи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги гледав дотераните парижанки како поминуват по улиците, бистроата полни со луѓе, Сена чинам ме поздрави со сета своја убавина, во далечината истото го стори и Ајфелова кула... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Излезе маж во одминати години, трипати се прегрна со Исо и без да праша кои сме и од каде, истото го стори и со нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој многу се восхитувал на прозното дело на Гете, „Страданијата на младиот Вертер“ (кое истиот го напишал само за четири седмици оти постапил според природата во себе).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нивната парализа, нивното „ниту да отидам понатаму ниту да останам каде што сум“ или „ниту да цркне ниту да се помрдне од местото“ е судбина што во целост се поклопува со судбината на творецот, а истата го прави тешко комуникативен, разговорлив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постојано поп Матлија одеше кај него, го молеше, го молеа и луѓето, но тој истото го правеше: одеше во црковниот двор, седеше крај орешковите стебла, ги гледаше, и пак се враќаше не давајќи никаков збор.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, го остави. За истото го отепа магарето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Истиот го ублажуваше со тешкото црвено вино, празнејќи го третото шише по ред. Часовите се наближуваа кон ситно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И Богдан сега истото го прави: удира со копачката и го корне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја жулкаше додека не ја загубеше следната, а потоа истото го правеше и со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Матош истото го забележува за хрватската ситуација, каде што „секој воспитен систем само го засилува недостатокот од каква било иницијатива.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Всушност, истото го мислев што го мислеа и тие сè додека, две години по нејзиното префрлање во Одделението за анализа, и брзото унапредување и назначување во чин на наредник, не се случеше оној трагичен настан на стрелиштето во Камник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Доста истото го направи со Илка. Таа притури: како ја затекла Митра да му ја затиња устата на Толета да го задуши, а Нешка да ја попари со врела вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го погледна попот калуѓерот, се прекрсти пред иконата и ја бакна, a no него истото го направија и селаните. – Каде вака сабајлево, оче дуовниче? – го праша поп Пејо калуѓерот и го погледна некако со извесна недоверба. – Од Трескавец, света Богородица, да ни е на помош – одговори калуѓерот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите агалари истото го направија со другите и тргнаа да си одат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас сум, Олга. Ти си? Следеше разговор во кој и двете истото го зборуваа, - Добро сте?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа повторно пушти вода од казанчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Извини мамо, ама имаше нови лулашки и после тоа отидов кај Мони и кај Бистра за да им кажам дека има лулашки и да не се качуваат на мостот затоа што е премачкан, оти така ми рекоа чичковците сабајле кога ги видов како ги местат лулашките и, - мајка ми тука ме прекина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив дека таа истото го кажа пред мене, ама немав како да ѝ докажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако и вие денес истото го мислите и го чувствувате за своите учители, тогаш, добри мои, силно грешите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ВТОРАТА ЖЕНА: Јас истото го барав од тебе, мајко, љубовта која никогаш не ни ја покажа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)