исплашен (прид.) - крик (имн.)

Остануваат нивните исплашени крикови на залез и восочното лице на мајка ми во филџанот што една новопечена гатачка безмилосно го врти пред своето чпртаво носе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оној, кого го сметав за директор со исплашен крик скокна и се фати за крпата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неочекувано, зад нас се слушна извик: - Ти, будало, зашто досега ниту прашината не е избришана?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)