исплатен (прид.) - нето (прид.)

Измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година Со измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година дојде до промена и преформулација на некои одредби во законот поврзани со остварувањето на права од работен однос на странци во РМ. 4.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец февруари 2010 година според Државен завод за статистика. 119 Во поглед на дефинициите на поимите дојде до две важни промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, правното лице на кое се однесува овој закон ги исплатува нето платите за април 1992 година и натаму најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник за март 1992 година зголемена за 30%, а за правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството и градежништвото, зголемена за 35% (чл. 3, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)