исламски (прид.) - филозофија (имн.)

Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така и беше: Е, мој братко балкански, тебе ти е тешко да ја разбереш дијалектиката, како дипломец по шеријатско право и исламска филозофија, макар што на Цариградскиот универзитет, е а згора на тоа, вие сте и под влијание на источната западната школа...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски знаеше дека Татко во Цариград студирал покрај правото и исламска филозофија, но тој никогаш не ја пројавувал пред него својата филозофска вокација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој на Цариградскиот универзитет во времето кога се разменуваа Отоманското и Ататурковото време студираше право и исламска филозофија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко, дел од студиите по право и исламска филозофија ги оствари во Цариград, кај Мајкините роднини, а неговото студирање го надгледуваше, колку што му дозволуваше времето, неговиот вујко Али Фети Окјар, тогаш министер за внатрешни работи, а потоа и прв премиер откако Турција беше прогласена за Република на чело со Мустафа Кемал Ататурк.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во младоста, покрај право на Цариградскиот универзитет, студираше и исламска филозофија, додека нешто подоцна на парискиот универзитет Сорбона, Климент Камилски студираше и подоцна се здоби со докторат од областа на филозофијата и педагошките науки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)