иселенички (прид.) - движење (имн.)

Првиот бран помасовни иселенички движења од територијата на Македонија настапиле по Карпошовото востание (1689) и по Илинденското востание (1903).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првите иселенички движења се поврзани со печалбарството, кое во 90-те години на XIX век станало масовна појава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Масовните иселенички движења од територијата на Македонија се појавиле во втората половина на XIX век.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во потрага по обезбедување егзистенција за своите семејства македонските економски печалбари заминувале во соседните балкански земји: Србија, Бугарија, Грција, Романија, а потоа и во подалечните земји Австро-Унгарија, САД, Канада и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како главни елементи на критериумот на мотивите за иселување се јавувале економските и политичките кои меѓусебно се преплетувале, а на критериумот на желбите или интенциите им одговарало доброволното, односно принудното иселување.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Причините пред се биле социјално-економски, а исто така и стравот од репресии и терор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)