интересен (прид.) - настан (имн.)

Како и во поглед на сижето овие ставови се најекстремно манифестирани во него­вата „вистинска” фаза.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кој како идеше, ги фрлаше дрвата на кармата, се тргаше на страна и мирно застануваше, чекајќи го интересниот настан. Така објави телалот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Инсистирање­то за вистинско време не е толку воочливо кога се применува на субјект или сиже кое е доволно атрактивно само по себе да го одржува вниманието (документарно интересен настан), но кај Ворхол тоа е склопено со некои толку монотони, репетитивни сижеа (односно објекти, дејства) кога се во прашање концептуалните дела, што уште повеќе ја продлабочуваат нивната монотонија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потоа Азра живо им раскажуваше за интересен настан во Нигериското село, а Лилица се жалеше на наездата комарци кои како никогаш до сега пустошеле во населбата Долно Лисиче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)