изневерен (прид.) - распоред (имн.)

Не беше изневерен распоредот на Татковите книги, макар што таа имаше прочитано многу книги за време на моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледајќи ги татковите книги во нивниот наследен, само на места изневерен распоред, согледуваше дека го беше проширил нивното простирање до предели и народи, низ проверени, доживеани значења во животот, до кои бездруго сонуваше дека ќе го одведат книгите, верувајќи дека тие ја содржат вистинската надеж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како последен храм во верувањето во татковината на животот ми остануваа татковите книги на кои можев вистински да им се доверам крај животот на мојата Мајка кои ги довардуваше до моето враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)