изминат (прид.) - пат (имн.)

Сигурно е ужасно, мислеше Змејко кога сеќаваш како нешто ти недостасува, кога сеќаваш дека си останал без еден дел од своето тело, кој ти останал некаде незабележано по изминатиот пат зад тебе, во сите изминати денови, а ти си продолжил носејќи му ја празнината, постојано чувствувајќи се прогонет од тој недостаток, сѐ дури вџашувачки неочекувано еден миг не те натера да го побараш, и додека не откриеш дека си останал без него. Каде ли го загубив, мислиш, каде ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еј, знаеш ли што значи после тоа проклето Браилово, после тој изминат пат до тука, после тоа спиење по плевни, смрзнат и гладен да се вратиш дома?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да беше жив ќе имаше синот што да му раскажува на својот татко за изминатите патишта од неговите соништа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)