изминат (прид.) - ноќ (имн.)

Навистина глупава ноќ! - Темна ѕвезда на вистината на светлата страна на ноќта! - реков, како да читам наслов на ненапишана приказна за изминатата ноќ!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)