изминат (прид.) - минута (имн.)

Сонцето неверојатно брзо паѓаше зад планината, на Запад, накај Скопје; со секоја измината минута светлина стануваше поинаква; беше тоа светлина што гасне и поинаку ги обојуваше нештата од миг во миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ИЛИЈА: Јас мислам што побрзо да излеземе. Секоја измината минута може да ни попречи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Учеше во секоја измината минута, но сѐ уште беше гладен за знаење. Неговиот бунар беше многу празен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Што е пречка да не ме гледаш во секоја измината минута?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)