изминат (прид.) - месец (имн.)

Одмерува чекори напред и назад. Година дена е под оружје. Во изминатите месеци ги запозна границите на човековото величие и понижување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мајка, која везден ја чистеше насобраната прав од книгите, продолжи со сите нас, децата, тажно да ги прелистува книгите, гледајќи н како се мачиме и никако не можеше да ни ја смират гладоста ниту нејзините волшепства кога со преостанатиот мал дел од брашното од изминатиот месец и разретченото масло правеше вкусни пити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расчеречена од случките што ѝ се случуваа во изминатиот месец, постојано размислуваше како на Томо да му ги соопшти големите новости.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По голготата што ја преживеа во изминатите месеци, оваа средба на Рада ѝ дојде како нафора по пост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога започна да ја читаш? Уште од почетокот на изминатиов месец!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хелвиг, овие изминати месеци, сакаше да се убеди себеси дека за сѐ што се случи, за заминувањето на Марија со детето, беше виновна и таа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Френк проценува дека изминатите месеци успешно минал низ „ПБПДП”, медицинскиот потсетник за стадиумите на болест опишани од психијатарот Елизабет Киблер-Рос: Порекнување, Бес, Преговарање, Депресија, Прифаќање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)