изминат (прид.) - време (имн.)

Обајцата беа задлабочени во шепотите на изминатите времиња, зачувани во сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа е логиката која провејува во праксата на племенитите јуриспруденти низ сите изминати времиња, од кои најумните беа образовани во духот на природното право, а не во духот на бедниот и, на моменти, вулгарно нечувствителен правен позитивизам.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се сомневам дека може да има такви, освен некои исклучоци и тие без големо значење! се спротивстави благо Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ги побараме заемките во животот, односно во подрачјата, кои без оглед на изминатото време остануваат трајни, општочовечки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога човек се збогува со близок во својата душевна длабина алхемиски се бори, да ги оживее блиските и далечни спомени, да го поврати изминатото време со саканиот исчезнат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немав видено дотогаш ниту во Рим, ниту во Атина, позачувана античка арена толку живо да сведочи за изминатите времиња, освен можеби во Помпеја, каде што античкиот свет бил сочуван од вулканскиот пепел по катастрофалната вулканска ерупција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, не донесувајте преуранети заклучоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Причината за да се појавам не само како сведок туку и како поединец кој покренува обвинение, не беше само скапоценоста на семејниот ѓердан на Цвета Басотова, туку и споменот по едно изминато време што го бев сместил во преградата на скапоценостите и раритетите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега има само време за намнисување на изминатото време и време за да не се заборави далечното време. Тука сега има само сега.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Такви какви што се сега, беа во си те изминати времиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во изминатите времиња и во спомените на неговите жители, кои во најголем број се распрснати по светот, попознато е како - Желево.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)