изменет (прид.) - глас (имн.)

Тој го баци олтарот, крена раце кон небесните сили, запеа со изменет глас на верник.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А потоа, глумејќи чуден вид незадоволство со изменет глас праша: - Виде како нè предаде нашиот пријател?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По куса тишина, другиот рече: – Подготвен сум да го поминам со тебе, дури и да треба да одиме многу години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ти реков, тргај ми се од очи“, со изменет глас ме помоли и јас знаев дека е пак оној вчерашниот Онисифор Мечкојад што не простува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без брзање се исправи на нозе. Можеше засекогаш да ми ја затне муцката со удар. Од сеченото чело му протече крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, сето ова е дигресија“, додаде тој со изменет глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Катерина, да те запознаам со Јана - реков откако ја забележав изненаденоста на лицето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со изменет глас, рече: – Но, зарем постои цел?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)