издолжен (прид.) - врат (имн.)

Околу одвај изразито издолжениот врат имаше бисерен гердан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го гледаме отстрана, а Бузо просто ќе излета од некаква важност, воображеност и шуплива горделивост: минува по патот си издолжен врат, поткрената глава и не сака со никого ни да запре, ни да прозбори.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сте читале ли некогаш природознание со слики во бои?“ „Какво природознание“ , им виснаа рамениците од обете страни на издолжените вратови. „Ние не сме растеле дури ни во ситносопственичка фамилија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Полегнал со предниот дел на ставата врз издолжениот врат на животното во страв да не падне под копита и под одмазда на голоракиот војувач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напаѓачот не ја пуштил сабјата но и не замавнал веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)