извесен (прид.) - формален (прид.)

Не, ние заклучуваме дека логичките правила од овој тип, иако се корисни во извесни формални ситуации, okno.mk | Margina #3 [1994] 79 ни обезбедуваат само прва апроксимација на нашата секојдневна логика. [...] Во секојдневниот живот, ако не ги најдам наочарите ниту во спалната ниту во кујната јас ќе пребарам по мојата меморија или по околината малку пошироко, и ова „пребарување” не мора да може да се опише со стриктна примена на логичките правила.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога извесни формални симболни системи (на пр. компјутерските програми) се имплементирани како динамички физички симболни системи (на пр., кога тие се стартуваат на компјутер) нивната активност може да се интерпретира на повисоки нивоа (пр., бинарниот код може да се интерпретира како LISP, LISP кодот може да се интерпретира како англиски јазик, а англискиот може да се интерпретира како разговор со смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)