извесен (прид.) - културен (прид.)

Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Што ако одиме подалеку и ја разгледаме можноста дека машките геј-вкусови за извесни културни артефакти или општествени практики одразуваат, во своите особени контексти, некакви начини на битисување, на чувствување и начини на поврзување со поширокиот општествен свет кои се суштински за машката хомосексуалност и кои им се својствени на геј-мажите, и покрај многуте меѓусебни разлики помеѓу геј-мажите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А извесни културни облици, како бродвејските мјузикли или холивудските мелодрами, на сличен начин се вдахнуваат со посебни сила и значење, кои привлекуваат несразмерен број машки геј- обожаватели.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)