извесен (прид.) - чувство (имн.)

Сѐ помина сјајно, но јас излегов од кругот со извесно чувство на горчина; ѝ реков на Ина: „Овде се смеат. Но дали ќе се смеат и на друго место?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За разлика од кампот, кој не остава можност за дистанција и за деидентификација, стрејтерската хипстерска иронија е истовремено и сатирична и апатична; таа сигнализира и отсеченост од „автентичните“ културни облици и естетски практики што хипстерството ги фетишизира и извесно чувство на супериорност над нив – иако му се, на некој негов начин, мошне драги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога по десет години Hippie движењето повторно оживеа, постоеше, се разбира на кратко, извесно чувство на носталгија и одобрување.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Признавајќи ја љубовта на стрејт-хипстерите кон таквите чудни културни облици и практики, а истовремено одбивајќи да ја изрази таа љубов, освен на гротескен и преувеличен начин, да не би случајно некому му паднало на ум нешто погрешно, стрејтерската хипстерска иронија им одржува и зацврстува (иако од преголемо фраерство не се расфрла со неа) дистанцирана и незасегната положба на хипстерите – односно положба на релативна општествена повластеност.418 Поентава делотворно и нагледно се нагласува во еден ред од еден ироничен напис за иронијата, со датум од 3 февруари, 2008 година, објавен на страницата на интернет наречена Работи што ги сакаат белците (Stuff White People Like), а сега објавен во една многу продавана книга со истиот наслов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, извесно чувство на меѓусебно признавање, на заедничност и – ако смее да се каже – на идентитет, сепак, опстојува и покрај многуте пукнатини и напади што го поткопуваат.84 Самото внимание со кое квир-теоријата штедро ги опсипува различноста, вкрстеноста и споредливоста најпосле го затрупало прашањето како бидувањето геј, од голем дел од американските хомосексуалци во текот на минатиот век и нешто, се искусува низ мошне шематизирани облици на овоплотена чувствителност – токму кога во своите обиди да се оттргнат од „стереотипите“ и од „етикетите“ геј-мажите по правило се склони да ги отфрлаат тие обрасци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со извесно чувство на задоволство Винстон ја остави четвртата порака настрана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом ќе се послужите со Ritorna vincitor! за да си го испратите месниот одбојкарски тим, ви нема веќе криење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но кампот го прави токму спротивното: сиот е претераност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)