извесен (прид.) - случај (имн.)

О'Брајан продолжи како да одговара на гласно изговорен приговор: „ Во извесни случаи, се разбира, тоа не е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесни случаи пораката што ја носи оваа поговорка може да се сфати како позитивна, и малку да сториш, корисно е, и за најмалиот вложен труд, ќе бидеш награден.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Општата недоумица не е достаточна да се измени ликот на жената предизвикот на вратот „Во извесни случаи архетипот е штетен по...“ или: „Култот е органска материја не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Хичкок: „Во извесни случаи хепиенд не е потребен: ако публиката ја држите цврсто во рацете, таа ќе расудува според вас и ќе го прифати несреќниот крај, но под услов филмот да има доволно елементи што задоволуваат”. œœ Саботажа (Sabotage), 1936 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)