извесен (прид.) - напор (имн.)

Загледувајќи му се во расклештеното лице, на Ване му требаше извесен напор да распрета малку по своето кратко и сиромашно минато за да дојде до тумбестата полјанка меѓу двете маала каде што кошкаа парталава топка на два гола, а во притивничката екипа секогаш најдобар беше еден штрклест левучар, кој колку што забиваше голови уште почесто го забиваше палецот од ногата во тврдиот терен, па по секоја победа си го носеше раскрвавен дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не беше тешко да се задржи безизразно лице, па дури и дишењето можеше да се контролира со извесен напор: но удирањето на срцето не можеше да се контролира, а телекранот беше доволно чувствителен за да го регистрира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе имав вложено извесни напори да си ги изградам сопствените вкусови, за кои сметав дека се посебни и кои, според мене, го изразуваа мојот особен однос кон мојот историски миг, кои ги изразуваа мојата избрана припадност на одредени движења и стилови во современата уметност и култура и моите политички вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)