извесен (прид.) - надеж (имн.)

ЈАКОВ: Имам извесни надежи дури од задутре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По неа се исправија сите кадани и наклекнаа околу онесвестениот кадија со извесна надеж, слушајќи го дека стенка и покажува живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Да чујме, да чујме ошче малку, та ќе си одиме! — рече Митре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама на сите им се читаше извесна надеж дека ќе се куртулат од беговите и агите, барем тие што ќе останат живи по борбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ах, да му се невиди во работата, — се издиши длабоко Илко и тргна дома со извесна надеж, дека после недела, месец, ќе се враќа дома и ќе има на кој да му наредува за вечера и постела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)