извесен (прид.) - момент (имн.)

- Немој да се каеш – ме „откри” тој – секој има потреба во извесни моменти да си олесни со тоа што некому ќе му се исповеда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Виолетовото значи кокаин, зеленото хероин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- А, ако тој некој не го сфати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во извесни моменти тој и не чувствуваше дека Ќосото е неговата милосница Митра Брлева од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во извесни моменти нему му се чинеше дека езерото со небото, со градот и селата, со планините и ридјето - дека сето тоа е слеано во едно цело, кое го возбудува и му го запира здивот во градите силно како поезија, музика, љубов... невозможно да се изрази и да се искаже само со одделните, определени бои и контури, што трепереа во просторот пред него...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Преголемиот број впечатоци, во извесни моменти, внесува умор и апатичност кај посетителот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш на рает ќе има време за се па и за Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако земеш Екстази, веројатно во извесен момент си внел во себе едно или сите овие нешта, бидејќи повеќето од она што Херман го нарекува „срање“ си го наоѓа патот до другите земји (Британија) каде што нема тестирање, па можеш само да претпоставуваш на што си.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)